Шакира го објави новиот спот за „Me Enamoré“, песната која ја напиша за својата љубов Жерар Пике. Во видеозаписот, 30-годишниот фудбалер ја снима 40-годишната пејачка додека се забавуваат и си разменуваат нежности. Исто така, тие се прикажани како скокаат од авион со падобрани, се гаѓаат со храна и се возат во автомобил.
Во песната, музичката ѕвезда раскажува како се запознала со Пике и како се вљубила во него.
Видео
Погледнете го и претходно објавеното видео за „Me Enamoré“:
Сите песни од новиот албум насловен „El Dorado“, Шакира му ги посвети на саканиот Пике. Славната двојка има две деца – синовите Милан и Саша.