Ед Ширан не може да ја преболи прераната смрт на неговиот најдобар пријател Џамал Едвардс.
Тагата по него тој ја претвори во огромно сино чудовиште во спотот за новата песна „Eyes Closed“.
Ед најпрво ја замислувал „Eyes Closed“ како песна за раскинување, но неговата замисла целосно се променила кога починал Џамал.
„Оваа песна премногу ми значи, бидејќи е почеток на албум кој го осмислував со години и мислам дека конечно ја имам совршената претстава каде сум сега. Многу сум возбуден за следната фаза и денешниот ден го означува почетокот на тоа“ – напиша Ед.
Џамал почина на 31-годишна возраст од срцев удар како последица на консумирање кокаин и алкохол.