Деми Ловато се отвори за борбата со пороците во новиот документарен филм „Dancing With The Devil“. На премиерата во Лос Анџелес, таа ја испеа истоимената балада која е инспирирана од предозирањето кое за малку не заврши фатално.
Песната е дел од претстојниот албум на Ловато, насловен „Dancing with the Devil... the Art of Starting Over“.
Засега на YouTube се објавени две епизоди од документарецот во кој Деми и нејзини блиски отворено раскажуваат за мрачниот период.
Ловато во 2018 година беше на работ на смртта поради предозирањето со нарокотици. Како последица на прекумерното користење дрога и алкохол, таа доживеа три мозочни удари и еден срцев удар, а до ден-денес има и оштетување на мозокот.