За првпат во историјата на Евровизија на сцената настапи музичка ѕвезда која не учевстуваше во натпреварот. Честа ја имаше Џастин Тимберлејк, кој со изведбата на својата најнова песна „Can’t Stop the Feeling“ ја подигна атмосферата и ја развесели публиката на финалната вечер.
Својот настап во Шведска, 35-годишниот пејач го започна со хитот „Rock Your Body“, а потоа продолжи да ги забавува присутните со новиот енергичен сингл.
„Can’t Stop the Feeling“ е прва песна на Џастин по тригодишната пауза, а е снимена за неговиот нов филм „Trolls“.