Тамара Тодевска го претстави спотот за баладата „Брод што тоне“, која беше второпласирана на Скопски фестивал 2014.
Видеото раскажува емотивна љубовна приказна преку танц со сенки, а е снимано на главната сцена во МНТ.
Комплетен музички автор на песната е Роберт Билбилов. Кореографијата во спотот ја осмисли Олга Панго, а танците ги изведоа врвни македонски балетски танчари. Директор на фотографија на спотот е Александар Крстевски, додека режијата и монтажата се на Горан Костадинов.