Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Украина со „1944“ победи на Евровизија 2016

ВИДЕО: Украина со „1944“ победи на Евровизија 2016

Џамала со песната „1944“ ѝ ја донесе на Украина победата на 61. издание на Евровизија, кое се одржа во Стокхолм, Шведска. 32-годишната пејачка, чие вистинско име е Сузана Џамаладинова, со своја композиција настапи на сцената и ги победи останатите 25 финалисти.

Џамала пееше за иселувањето на Татарите од Крим во 1944 година од страна на советските власти, по наредба на Јосиф Сталин. „Сакам мир и љубов за сите“ – изјави таа откако беше прогласена за победник.

Украина

За време на пребројувањето на гласовите, Австралија постојано беше на првото место, но по вклучувањето на телефонските гласови, Украина се искачи на врвот со вкупно 534 поени.

Веднаш зад победничката земја застана Австралија со 511 поени, а Русија го освои третото место со 491 поен.

Украина Украина

Минатодогишниот победник, Мoнс Зелмерлов, ѝ ја додели наградата на Џамала. Ова е втора победа на Украина во историјата на европскиот музички натпревар.

Украина Украина Украина Украина

Украина (1944)

Австралија (Dami Im - Sound Of Silence)

Русија (Sergey Lazarev - You Are The Only One)

Наша претставничка оваа година беше Калиопи, која со песната „Дона“ настапи на втората полуфинална вечер, но не успеа да се пласира во финалето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20923 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.