Тамара Тодевска сними акустична верзија на „Proud“.
33-годишната пејачка објави видео во кое во живо ја изведува својата евровизиска песна, а Роберт Билбилов ја придружува на пијано.
На видеото на YouTube, таа доби многу пофалби од целиот свет. Прочитајте дел од коментарите:
„Се ежев во текот на целата песна, солзи ми потекоа на првиот стих! Многу моќно!“
„Оваа песна апсолутно ми е омилена годинава. Ќе биде штета ако не се квалификува. Мора да биде во првите 5 во финалето.“
„Wow, прекрасен вокал!“
Тамара со „Proud“ ќе нè претставува на Евровизија следниот месец.