Тејлор Свифт и Зејн Малик го објавија долго очекуваниот спот за нивната прва заедничка песна „I Don't Wanna Live Forever“, која ќе биде дел од саундтракот на „Fifty Shades Darker“.
27-годишната пејачка и 24-годишниот поранешен член на One Direction го објавија видеозаписот две недели пред премиерата на продолжението на „Fifty Shades of Grey“.
Видеото, режирано од Грант Сингер, било снимено во хотелот St. Pancras Renaissance во Лондон.