Тејлор Свифт ја испрати старата година со нов спот. 26-годишната пејачка го објави видеозаписот за „Out of the Woods“, режиран од Џозеф Кан.
Во видеото, Тејлор бега од глутница волци, се движи низ волшебна шума и снежна планина, потонува во длабока вода и се наоѓа сред пожар.
Песната „Out of the Woods“ е дел од најновиот албум на Свифт, „1989“, а се шпекулира дека е напишана за нејзината врска со Хари Стајлс.