Next Time подолго време дозволија да се зголемува жедта кај публиката за повеќе од нивните фантастични преработки на македонски песни. Вечерва, македонските музичари го објавија спотот за „Нешто ќе те питам бабо“.
„Веруваме дека и по третпат ќе ве направиме горди и ќе ја зачуваме македонската песна заедно!“ – порачаа Мартин и Стефан Филиповски, кои претходно одушевуваа со „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“.
Видеозаписот е режиран од Огнен Шапковски.