Браќата Мартин и Стефан Филиповски го претставија својот нов музички проект и наидоа на бројни комплименти.
Музичкото дуо Next Time ја преработи „Слушам кај шумат шумите“ и сними моќен спот во кој главната улога ја има Ана Стојановска. Во музичкото видео се појавуваат и Бранко Калеников, браќата Филиповски, Огнен Шапковски, Борис Јосифовски и Васко Гегоски.
„Со гордост ви го претставуваме нашето најново видео. Веруваме дека Македонија ќе е повторно горда!!!!“ - пишуваат браќата на Facebook.