„Сѐ е возможно“ е пораката на Coldplay во спотот за „True Love“. Видеозаписот прикажува љубовна приказна на личности кои не се добро прифатени од општеството поради нивниот физички изглед.
Крис Мартин и актерката Џесика Лукас се главните ликови во видеото режирано од Јонас Окерлунд.
„True Love“ е дел од новиот албум на славниот бенд, „Ghost Stories“.