Тамара Тодевска го објави спотот за својот нов сингл „Слобода“. Видеозаписот е сниман во Скопје во режија на Зоран Зонде Стојановски.
Текстот на песната е дело на Игор Џамбазов, музиката на Роберт Билбилов, а за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.
„Слобода е во мода“ - напиша Тамара на Facebook.
