Џастин Тимберлејк по долга пауза повторно се врати на музичката сцена и ги израдува своите обожаватели. 35-годишниот пејач го објави својот најнов сингл „Can’t Stop the Feeling“.
Песната ќе биде дел од саундтракот на филмот „Trolls“, а во видеото Џастин се забавува со филмската екипа од анимираниот филм.
Тимберлејк го позајми својот глас за ликот Бранч од анимираниот филм кој ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот на 4 ноември оваа година.