Џеј Ло е денс кралица во нејзиниот најнов спот за песната „On the Floor“. Видеото премиерно беше прикажано за време на шоуто „American Idol“ и беше прифатено со воодушевување од публиката.
Во спотот, 41-годишната пејачка заедно со раперот Питбил се во ноќен клуб во кој има луда забава. „Секој стих од песната е за да се опуштиш, да одиш на подиумот и да бидеш животно“ – изјавила Џенифер, која изгледа прекрасно во спотот.
„On the Floor“ ќе биде дел од новиот албум на Џеј Ло, „Love?“, кој треба да се појави оваа година. Песната користи дел од мелодијата на хитот „Lambada“. Во моментот, „On the Floor“ е на деветто место на топ листата Billboard Hot 100.