Ријана го покажува својот динамичен и забавен живот во спотот за „Cheers (Drink to That)“. Во видеото се појавува и Аврил Лавињ, чиј хит „I'm With You“ е користен како семпл за новиот сингл на Ријана, а исто така се појавуваат и Џеј-Зи и Кание Вест.
Спотот е всушност спој од кадри од животот на Ријана за време на нејзината турнеја „Loud“. Во некои сцени таа е на сцената пред огромна публика, а во други се забавува со своите пријатели.