Покажувањето на средниот прст од страна на Адел не беше единствениот забавен момент на манифестацијата за доделување на Британските музички награди. Во О2 арената во Лондон настапија повеќе звучни музички имиња.
Адел уште еднаш убедливо ги отпеа стиховите на „Rolling in the Deep“, Ријана ја воодушеви публиката со динамична изведба на „We Found Love“, Бруно Марс ги разнежни присутните со „Just The Way You Are“, а Coldplay имаа колоритен настан со „Charlie Brown“. Погледнете дел од најдобрите настапи: