Сем Смит пред десетина дена ја објави нумерата „Writing's on the Wall“ за новиот филм за Џејмс Бонд „Spectre“, а сега го сподели и видеозаписот за истата.
Спотот е режиран од Лук Монаган и е снимен на различни локации низ Рим.
Во него се прикажани сцени од „Spectre“, вклучувајќи и страсни моменти меѓу Моника Белучи и главниот лик Даниел Крег.
Филмот ќе започне да се прикажува во кината на 6 ноември.