„Оваа песна е за да го почитуваме она што сме биле, да го сакаме тоа што сме и да го славиме тоа што ќе станеме“ – вака Мајли Сајрус ја најави својата нова песна.
Во видеозаписот за „Used to Be Young“, таа низ солзи пее за лудите млади години и иднината кон којашто се движи.
„Се чувствувам горда кога рефлектирам за моето минато и оптимист сум кога размислувам за иднината“ - дополнила Мајли.