Мадона премиерно го објави својот нов спот на апликацијата SnapChat. Во видеото за „Living for Love“, 56-годишната кралица на поп музиката е моќен матадор кој покорува мажи-бикови.
Видеозаписот, режиран од француското дуо J.A.C.K., ќе биде избришан од SnapChat 24 часа по објавување.
„Living for Love“ е прв сингл од новиот албум на Мадона, „Rebel Heart“.
На 8 февруари Мадона ќе настапи со нова музика на манифестацијата по повод доделувањето на наградите Греми.