Џастин Тимберлејк пред три дена на финалето на Евровизија ја промовираше својата нова песна „Can’t Stop the Feeling“, а сега го објави и спотот за истата. Популарниот пејач по тригодишна пауза се врати да ги радува своите фанови со нова музика.
Во видеозаписот, Џастин и група луѓе за понесени од веселиот ритам и безгрижно танцуваат на песната. Многумина се согласуваат дека ова ќе биде летен хит за 2016 година.
35-годишниот пејач ја сними музичката нумера за филмот „Trolls“. Тој го позајми својот глас за ликот Бранч од новиот анимиран филм, кој ќе започне да се прикажува во киносалите во ноември оваа година.