Енрике Иглесијас синоќа беше прогласен за Најдобар поп/рок машки изведувач за 2017 на „Lo Nuestro Premio Awards“. Денес, 41-годишниот пејач го објави спотот за својата нова песна „Subeme La Radio“.
Во видеозаписот, згодниот шпански музичар се забавува со свои пријатели и обожаватели во Хавана, Куба. „Пораснав во Мајами, но имам многу пријатели од Куба, па сакав да направам нешто на овој остров“ – изјавил Енрике за снимањето на спотот токму во Куба.
Дисемер Буено и дуото Сион и Ленокс соработуваа со Иглесијас за новата песна.