И оваа година, фановите на непреболената музичка ѕвезда Тоше Проески го создадоа традиционалното „ѕвездено небо“.
За време на настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, беше објавена нова песна од македонскиот пејач. Станува збор за „Ефта пуране иконе“ (Седум стари икони) на ромски јазик. Погледнете го видеото направено од досега необјавени снимки од Тоше:
Исто така, пред обожавателите беше претставена и англиската верзија на хитот „Малечка“: