Аврил Лавињ го остави зад себе имиџот на бунтовничка и ја покажа својата емотивна страна во спотот за „Wish You Were Here“.
Во видеото, 26-годишната пејачка со солзи во очите пее: „Damn, damn, damn, what I’d do to have you here, here, here“.
„Моето музичко видео за „Wish You Were Here“ доаѓа утре (солзите се вистински... без кромид!!)“ – напиша Лавињ на Twitter.
„Wish You Were Here“ е сингл од новиот албум на Аврил, „Goodbye Lullaby“.