Спотот за песната „There Goes My Baby“ на Ашер веќе ја доби својата премиера. Режиран е од Ентони Мендлер и не се разликува особено од повеќето спотови на Ашер – пејачот е прикажан без горна облека во друштво на убава девојка.
Песната е бавна, а соодветно спотот е секси и лежерен. Оваа песна е меѓу оние кои најмногу се истакнуваат од најновиот албум на Ашер „Raymond vs Raymond“.
Наредниот сингл на Ашер ќе биде „DJ Got Us Fallin’ In Love“ и ќе има меѓународна премиера.