Џеси Џеј со спотот за „Who’s Laughing Now“ им дава поддршка на децата кои се исмејувани и малтретирани на училиште.
Главната улога во видеото ја има девојче кое ја претставува Џеси на млади години кога била исмејувана. Бунтовната мини-Џеси им возвраќа на злобните девојчиња кои ја малтретираат и исмејуваат на училиште.
„Бев малтретирана на училиште. Не беше многу страшно, но доволно за да ја напишам Who’s Laughing Now“ – изјавила младата музичка сензација.
Самата Џеси Џеј во спотот влегува во неколку улоги – учителка, служителка и готвачка во училиштето.