Аврил Лавињ и официјално се врати на музичката сцена со нејзиниот најнов спот за песната „What the Hell“.
Во видеото, Аврил сè уште го негува поп-панк стилот кој ја направи ѕвезда и глуми девојка што тешко може да биде освоена. Таа го покажува својот бунтовнички дух додека бега од нејзиното момче, а тој упорно трча по неа, за на крајот да завршат повторно заедно.
„Навистина сум многу возбудена што се вратив. Поминаа неколку години, а сега сум особено среќна што гледам дека „What the Hell“ е толку популарна на iTunes и кај обожавателите“ – изјавила 26-годишната пејачка.
„What the Hell“ е првиот сингл од новиот албум на Аврил, „Goodbye Lullaby“, кој треба да биде пуштен во продажба во САД на 8 март.