Контроверзната пејачка Ke$ha реши да ги почести своите обожаватели со нов спот. Таа денес го објави видеото за нејзиниот хит „We R Who We R“.
Спотот бил снимен во Лос Анџелес под режисерската палка на познатиот Хајп Вилијамс.
Ke$ha ја напишала „We R Who We R“ кога излегле повеќе вести дека сè почесто тинејџери хомосексуалци се самоубиваат поради тоа што се малтретирани.
„Сакав да ги инспирирам луѓето да бидат себеси“ – изјавила таа.„We R Who We R“ веднаш по пуштањето стана хит, дури и беше на врвот на музичката листа Billboard Hot 100.
Овој сингл е дел од „Cannibal“, продолжението на нејзиниот албум „Animal“.