Селена Гомез го објави својот спот за песната „Love You Like A Love Song“. Во видеото, 18-годишната ѕвезда на Дизни променува неколку различни костими и изгледи: станува хипи девојка, се појавува во стилот на Марија Антоанета, а во неколку кадри многу наликува на нејзиното момче, Џастин Бибер.
„Ова е најлудото видео што сум го направила досега. Понекогаш кога си заљубен, има некои работи што не можеш да ги објасниш, немаат смисла. Така јас се чувствувам кога сум заљубена... Затоа што имам 18 години, мислам дека љубовта треба да биде забавна. Па, така и ја интерпретирам во оваа фаза од мојот живот“ – изјавила Селена за E! News во врска со спотот.
„Love You Like A Love Song“ е дел од третиот албум на Селена, „When the Sun Goes Down“.