Destiny’s Child повторно освојуваат срца. Бијонсе, Кели Роланд и Мишел Вилијамс се здружија за да ја израдуваат публиката на 30-годишнината на доделувањето на музичките награди Stellar Gospel.
Моќното вокално трио ја изведе песната „Say Yes“ од соло албумот на Мишел Вилијамс.
Погледнете го настапот кој ја крена целата публика на нозе:
Вилијамс беше номинирана во четири категории на манифестацијата која се одржа во Лас Вегас, а со себе ја понесе наградата Видео на годината за „Say Yes“.
Последниот заеднички настап на поранешната група беше на полувремето на Super Bowl во 2013 година.