Бијонсе ја објави својата нова песна „Spirit“, која е дел од саундтракот на филмската верзија на „Кралот лав“.
37-годишната пејачка влезе во улогата на продуцент и на албумот „The Lion King: The Gift“, во кој е вклучен и синглот „Spirit“. Албумот ќе биде објавен на 19 јули, кога ќе започне и прикажувањето на филмот во кино салите.
„Важно беше не само музиката да биде изведена од најинтересните и најталентираните артисти, туку и да биде продуцирана од најдобрите африкански продуценти. Автентичноста беше многу важна за мене“ – изјавила Бијонсе.