Били Ајлиш ја објави долгоочекуваната песна за новиот филм за Џејмс Бонд. Меланхоличната балада „No Time To Die“ наиде само на позитивни критики.
18-годишната пејачка е најмладата музичарка која има снимено песна за франшизата за Џејмс Бонд.
ВИДЕО
Били експресно брзо се искачи до врвот во музичката индустрија. Таа е најмладата и единствената музичарка која досега во иста година ги има освоено Греми статуетките во најважните категории: Најдобар нов изведувач, Песна на годината, Запис на годината и Албум на годината.„No Time To Die“ е 25-ти филм од серијалот за тајниот агент 007. Првиот филм од франшизата беше снимен во 1962 година.