„Never Gonna Not Dance Again“ е најновата песна на Пинк, за којашто објави и видеозапис. За само неколку дена, спотот достигна речиси 3,5 милиони прегледи на YouTube.
„Сакам животот да ми биде како песна на Витни Хјустон - сакам да танцувам“ – пее 43-годишната музичарка во новата песна.
Песната е проследена со колоритен спот во кој Пинк вози ролери во супермаркет, танцува и ги поттикнува сите околу неа да ја следат.
Пинк го има талентот и оригиналноста во себе да ја остави публиката без зборови.