Јелена Томашевиќ го објави видеозаписот за песната „Ne žalim“, која за првпат ја изведе минатиот месец на Фестивалот „Скале“ во Херцег Нови.
Музиката и аранжманот за новата песна на популарната српска пејачка се на Дарко Димитров, а текстот го потпишува Владимир Даниловиќ.
Песната има уште една побрза ремикс верзија за обожавателите на побрзиот ритам.
„Ne žalim“ ќе биде дел од претстојниот трет студиски албум на Томашевиќ кој ќе биде објавен до крајот на годината.