Шакира ја раскажа својата љубовна приказна во новата песна „Me Enamoré“. Во неа, таа открива како се запознала со Жерар Пике и како се вљубила во него.
Во видеото, на забавен начин е прикажан текстот на песната заедно со цртежи од средби и интимни моменти на 40-годишната музичка ѕвезда и 30-годишниот фудбалер.
Популарната Колумбијка пее дека со саканиот партнер ќе има 10 деца, но дека ќе почнат со еден пар. Славната двојка има две деца – синовите Милан и Саша.