Бритни Спирс има нова песна. 34-годишната пејачка вчера ја објави „Make Me“ на својот профил на Vevo.
Песната, која Спирс ја создаде во соработка со раперот G-Eazy, ќе биде дел од нејзиниот деветти студиски албум.
Познатата поп ѕвезда претходно сними рекламно видео за да го промовира својот нов парфем. Во видеозаписот во позадина свири песната „Private Show“, која се очекува да излезе наскоро.