По долгогодишна пауза, Елена Ристеска сними нова музика. 36-годишната пејачка ја објави песната „Hard to be in love“, која ја сними на англиски јазик во соработка со Франческо Спарачело, познат како Dj Sparadise.
Погледнете го анимираниот спот:
„Соработката помеѓу италијанскиот диџеј Дј Сперадајз и Елена се роди пред повеќе од година дена, кога познатиот диџеј бараше соодветен вокал и мелодија за неговата тогашна трака која ќе излезе на сите музички платформи под капата на 'Арџента рекордс' од Италија на 10ти декември 2022ра година. Откако пробаа голем број на пејачи да ја донесат песната, сепак единствено Елена успеа да ја испее според идејата на Франческо.“
„Текстот на песната е на Елена и се вика 'Тешко е да се сака', односно 'Hard to be in love'. Единствено специфичниот вокал на Елена и прекрасната мелодија на македонскиот продуцент и композитор Лазар Цветковски успеаја да ја направат оваа песна совршена според замислата на овој диџеј воедно и аранжер , заедно со Алесандро Ло Нигро кој исто така работеше на аранжманот, и двајцата се од Италија.“
„На денот на објава на социјалните медиуми и на сите музички интернет платформи, песната ќе биде истовремено премиерно пуштена на 10.000 радио станици во светот“ – стои на Instagram профилот на Елена.