Обожавателите на Бритни Спирс добија мало изненадување откако на интернет се појави досега необјавена балада на 29-годишната пејачка. Песната е со наслов „Everyday“ и не е познато кога е снимена.
По објавувањето на албумот „Femme Fatale“, Спирс многупати беше критикувана за гласот и користењето на Auto-Tune, па затоа сега нејзините фанови се дополнително воодушевени од новата балада и гласот на популарната изведувачка.
Сепак, не се сите коментари така позитивни. Сè почести се коментарите дека „Everyday“ премногу наликува на хитот „Beautiful“ од Кристина Агилера.