Ед Ширан го објави спотот за новата песна „Dusty“, инспирирана од неговата поголема ќерка Лира Антарктика.
32-годишниот пејач приготвува појадок и слатко танцува со црвенокосо девојче во видеозаписот инспириран од моменти од неговиот вистински живот со 2-годишната ќеркичка.
„Да си родител очигледно е лудо и прекрасно. Да си родител во времиња на вистинска тага... има голема контрадикторност во тоа“ – рекол Ширан за песната која ја напишал во тежок период од својот живот кога починал неговиот најдобар пријател Џамал, а на неговата бремена сопруга ѝ бил дијагностициран тумор.
Тој објаснил дека доцна во ноќта посетувал мурал посветен на неговиот пријател Џамал, а потоа си легнувал и плачел додека да заспие. Ширан се будел во 6 часот наутро кога неговата ќерка скокала над него и му велела: „Ајде да слушаме музика и да јадеме овесна каша“.
„Тоа е она што е прекрасно кај децата. Можат да те расположат во такви времиња“ – рекол Ед.
Песната е дел од неговиот нов албум „Subtract“.