Ед Ширан го објави спотот за новата песна, насловена „Boat“.
32-годишниот пејач го напишал текстот за време на зимскиот период кога имало многу лоши временски услови. Песната е метафора за депресијата, со која Ед отворено сподели дека се соочил минатата година по смртта на неговиот пријател Џамал Едвард и по откривањето на веста дека неговата сопруга имa тумор во бременоста.
„Песната е метафора за депресијата, песна која ја прикажува борбата кога се чувствуваш многу лошо и не знаеш како да го прекинеш циклусот“ – стои во соопштението за медиумите.
„Boat“ е првата нумера од неговиот петти студиски албум „Subtract“, создаден во бурен период за него.
„Чувствував дека не сакам да живеам повеќе. Чувствував дека сум под бран и се давам. На некој начин си во тоа нешто и не можеш да излезеш. Изгледаше себично, особено затоа што сум татко. Засрамен сум поради тоа“ – рекол тој.
На крајот од песната, Ед пее дека нема да дозволи брановите да го скршат неговиот брод.