Камила Кабејо и Ед Ширан го објавија спотот за нивната заедничка песна „Bam Bam“.
Според многумина, песната е за разделбата на Камила и Шон Мендес, кои раскинаа во ноември по 2-годишна врска. „Рече дека го мразиш океанот, а сега сурфаш“ – вака започнува текстот на песната, кој ни потскажува дека таа пее за Шон, кој пред помалку од еден месец беше фотографиран како сурфа на Хаваи.
Погледнете го спотот за песната која ќе биде дел од новиот албум на Камила, насловен „Familia“:
Славната пејачка, која вчера го прослави 25-тиот роденден, за првпат ја изведе песната во живо во шоуто на Џејмс Корден.