Меган Маркл ѝ се врати на розовата боја која ја преферира откако ја доби титулата Војвотка од Сасекс.
36-годишната поранешна актерка се појави во розов мантил-фустан од брендот House of Nonie на изложба посветена на животот на Нелсон Мендела.
На настанот во Лондон, со кој се одбележува 100-годишнината од раѓањето на славниот Нобеловец, присуствуваше и принцот Хари.