Селекцијата на најдобрите модни додатоци кои можете да ги носите на работа првенствено зависи од вашата професија.
Доколку работите во корпоративна средина или банка, со построг дрес-код, најбезбедно е да се придржувате до накит и модни додатоци со класични форми, едноставни футуристички силуети и посмирени нијанси. Од друга страна, доколку сте креативец и работите во порелаксирана околина без правила за облекување, веројатно ќе сакате да го изразите вашиот карактер преку уникатни и впечатливи парчиња.
Правилниот избор на аксесоари може да го раздвижи и најмонотониот аутфит, а Parfois ви ја олеснува модната мисија да составите хармонична комбинација, нудејќи додатоци од најразлични стилови. Во рамките на акцијата „Back To Work“, популарниот бренд изненадува со -10% попуст на онлајн продавницата на Fashion Group.
Прошетајте со поглед низ модни предлози кои ќе ви ја разгорат желбата за подновување на деловниот „арсенал“:
Ненаметлив минимализам
Дозиран колорит
Суптилен блесок
Многу повеќе модни додатоци од акцијата се достапни на онлајн продавницата на Fashion Group.