Јуриме низ денови кога облекувањето е деликатно од аспект на променливоста.
Во еден момент може да ви е многу топло, за само минути подоцна да се наежувате од свежина. Токму затоа, ова е идеален период за модни игри со слоевити комбинации.
Повеќе потенки слоеви се пофункционални од еден дебел, а Springfield со новата колекција предлага парчиња со кои ќе можете да одговорите на нестабилното есенско време.
Популарниот бренд е одличен стилски „расадник“ на облека со која можете да негувате лежерен стил, но и да се облекувате по концептот „смарт-кежуал“.
Па, што сè ќе најдете во есенската колекција која е достапна на Fashion Group?
Лесни фустани кои ќе ги надополните со чизмички до глужд, а комбинацијата секогаш можете да ја направите уште потопла со јакна.
Трендсетерките експериментираат и со уште еден трик против студот – ролка под фустанот.
Тексас јакна која одговара со сè – панталони, џинс, фустани, здолништа....
Шик блузички и џемпери кои ќе внесат забавен елемент во тмурните денови.
Маички со кратки ракави за моментите кога есенското сонце не е така срамежливо.
Јакна од вештачка кожа која со радост ќе ја зграпчувате речиси секогаш кога ќе излегувате од дома.
Мек елек за кога ветрот ќе ги покаже своите „заби“.
Фармерки без кои не може да се замисли ниту една гардероба.
Новата колекција е достапна на онлајн продавницата на Fashion Group.