Како една од номинираните, Шарлиз Терон беше гостинка на вечерашното доделување на наградите BAFTA.
44-годишната актерка со занесно привлечен изглед мамеше погледи на црвениот тепих. За свеченоста во Лондон, таа ѝ го довери изгледот на модната куќа Диор со која одржува блиска соработка долги години.
Виолетовата креација со плисирано здолниште беше создадена специјално за Терон.
Шарлиз беше номинирана во категоријата Најдобра актерка, но статуетката заврши во рацете на Рене Зелвегер.