Биби Хорст нуди модна инспирација по каква што трага секоја дама. 55-годишната Германка со изострено чувство за стил го развива блогот „Чоколадни години“.
„Мојот живот во средовечните години е период кој најмногу го ценам и затоа ги насловив мојот блог и мојата книга 'Чоколадни години'“ - објаснува таа.
Како што вели и самата, блогот е за „жени на средовечна возраст, прекрасни жени кои живеат со полни гради и по свои правила“.
Хорст не се плаши да експериментира со бои, принтови и парчиња кои повеќето дами на нејзина возраст не би ги зеле предвид при креирањето на лични стајлинзи.