Биби Хорст е уште еден доказ дека стилот само се подобрува со годините. 56-годишната блогерка не дозволува возраста да ја згази нејзината љубов кон модата.
Шармантната русокоса нуди модна инспирација за софистицирани дами.
За изборот на називот на својот блог, „Чоколадни години“, таа вели: „Многу сакам чоколадо и годините околу мојот 50-ти роденден. Ако внимателно размислам сега, ова навистина се ‘слатки години’ во кои можам конечно да живеам и да уживам во мојата лична слобода, разновидниот живот, но и индивидуалниот стил“.