Почетна » Новости » Мода » „Харпер има подобар друштвен живот од мене“: Викторија Бекам зборуваше за семејството за „Вог“

„Харпер има подобар друштвен живот од мене“: Викторија Бекам зборуваше за семејството за „Вог“

Викторија Бекам ја краси насловната страница на ноемвриското издание на „Вог“ Австралија.

42-годишната дизајнерка сними фотосесија за познатото списание под палката на фотографот Бу Џорџ.

Во интервјуто за списанието, Викторија зборуваше за своите професионални постигнувања, за црпењето сила од семејството, за промените кои ги прави во светот и за своите надежи за иднината.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Славната сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам призна дека нејзината 5-годишна ќеркичка има повеќе пријатели од неа. „Харпер има подобар друштвен живот од мене. Таа многу се труди на училиште и е многу дружељубива, па има многу пријатели. Сите мои деца се многу среќни и тоа е најважното нешто, тие се среќни, самоуверени и сигурни во себе“ – изјави Викторија, додавајќи дека семејството секогаш ѝ е на прво место.

„Семејството секогаш ќе ми биде на прво место. Сакам да бидам најдобрата мајка и најдобрата сопруга што можам да бидам. Ретко излегувам. Кога не работам, се дружам со семејството. Јас и Дејвид сме многу, многу присутни како родители и сметам дека тоа е најважното нешто. Двајцата работиме, но имаме одлична врска со сите наши деца“ – вели Бекам.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Викторија е и лицето од насловната страница на „The Edit“. За фотосесија, таа носеше модели од сопствената колекција.

Викторија Бекам

Семејството беше една од темите и во интервјуто за „The Edit“.

„Се гордеам со сè што имам постигнато, но јас не го постигнав тоа сама. Имам одлични луѓе зад мене и семејство кое многу ме поддржува. Не би го постигнала сето ова ако не беше Дејвид. Тој е сопруг кој многу ме поддржува и инспирира. Неговата работна етика е неверојатна. Тој е фантастичен сопруг и посветен татко“ – вели таа и додава дека жените треба да најдат начин како самите да си ја зголемат самодовербата.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

„Мислам дека треба да се поттикнувате себеси, наместо да чекате други лица да го направат тоа. Супер е кога ќе добиеш комплимент од сопругот, децата или од друга жена, но исто така треба да се усреќуваш и самата. Затоа мислам дека шминката е многу добра, таа може да го направи тоа за тебе“ – советува Викторија.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.