Џиџи Хадид и Томи Хилфигер ги здружија силите за да ги радуваат љубителите на модата. 21-годишниот модел во соработка познатиот американски бренд ја дизајнираше својата прва капсулна колекција.
Колекцијата е фузија на уникатниот вкус за модерен стил на Џиџи и класичната американската естетика на Хилфигер зачинета со морнарски шмек.
„Никогаш не мислев дека ќе ме побараат да дизајнирам капсулна колекција, па се чувствувам како во сон што Томи ме побара да соработуваме“ – изјавила Хадид.
Џиџи е ѕвездата и во кампањата за новиот парфем „The Girl“ на Томи Хилфигер.