Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Џими Чу ја претстави колекцијата „Icons“

ФОТО: Џими Чу ја претстави колекцијата „Icons“

Џими Чу го објави својот нов возбудлив проект – колекцијата „Icons“. Црпејќи инспирација од своите најзначајни модели од минатото и давајќи им современ изглед, компанијата успеа да создаде мала, но воодушевувачка колекција.

Модерната интерпретација на најголемите класици на Џими Чу е направена во повод 15-годишнината од постоењето на овој моден бренд. Зад секој пар од колекцијата се крие значаен момент. На пример, првиот модел со пердуви и блескави камчиња е модерна верзија на обувките кои Сара Џесика Паркер ги носеше во „Сексот и Градот“ кога викаше „Го изгубив мојот Чу“.

Дел од приходите од продажбата на колекцијата, заедно со приходите од продажбата на книга која ја опишува историјата на компанијата, ќе бидат наменети за Фондацијата Џими Чу, чија цел е да се бори со проблеми како трговија со луѓе, принудување на проституција, семејно насилство и полова дискриминација.

Колекција „Icons“ од Џими Чу Колекција „Icons“ од Џими Чу

Колекција „Icons“ од Џими Чу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.